НЕ МИРУВА ТЛОТО ВО ХРВАТСКА: Луѓето од страв повторно на улица, земјотресот се почувствува и во Загреб

Земјата во Хрватска повторно се затресе

Денес, во 9:02 часот, во областа Сисак се почувствува земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала, пренесува ЕМСЦ.

Епицентарот бил на 3 километри југозападно од Сисак.

Според хрватските медиуми, земјотресот бил почувствуван и во Загреб.

ЕМСЦ прво ја процени јачината на земјотресот на 3, но потоа ја ревидираше на 3,8.


Според очевидци, земјотресот се почувствувал доста силно, а многумина од страв излегле на улиците.

Следувал нов земјотрес, со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала.

Земјотресот е регистриран на околу 20 километри од Загреб.


Фото: Фактор.мк