Не не, јас не сум и дедо: Поради разликата во годините сите мислат дека се роднини, но нивната љубов е посилна од осудите

Суровите пораки и непристојните изјави се дел од секојдневниот живот на Тејлор Реј и нејзиниот свршеник Џон, и сето тоа само затоа што тој е постар од неа дваесет години. Но, таа одлучи дека нема да се грижи поради тоа...

Идната невеста вели дека таа и нејзиниот свршеник често на улица се запирани од непознати луѓе кои сакаат да се фотографираат со нив бидејќи мислат дека тој изгледа доволно возрасно за да и биде дедо.

Но, наместо гнев, Тејлор Рај Хамилтон (29) избра намерно јавно да ја покаже наклонетоста и љубовта што ја чувствува кон својот вереник. Меѓу нив има разлика од речиси 20 години. Таа е успешна бизнисменка и сопственик на компанија за убавина, а свршеникот Џон Фалконер (48) е сопственик на компанија, пишува Мирор.


Тејлор Реј вели дека секојдневно добиваат грди коментари и критики на социјалните мрежи и ја обвинуваат дека е со него само за парите. Кога излегуваат, луѓето редовно ги гледале и си шепотеле зад грб, а имало и такви што знаеле да ги застанат барајќи да се фотографираат со нив.

И покрај обвинувањата дека се мажи за пари, Тејлор Реј од Колерен во Северна Ирска вели дека конечно го нашла принцот откако морала да бакне неколку жаби. Таа истакнува дека не и пречи што Џон е на иста возраст со нејзината мајка.

Се запознале на апликацијата Тиндер и по само седум месеци се вериле. Тие планираат венчавка во август следната година. Тејлор Реј вели дека се обратила до медиумите за да предупреди дека љубовта нема граници дури и кога станува збор за возраста и ги охрабрува луѓето да го прават она што ги прави среќни без оглед на мислењата на другите луѓе.

- Луѓето мислат дека разликата од 20 години е контроверзна, но за нас тоа е нормално. Некои луѓе на социјалните мрежи коментираат дека сум со него за парите или дека сум дете во споредба со него. На интернет, луѓето имаат впечаток дека можат да се кријат зад екран и да пишуваат што сакаат. Тоа е многу тажно. Кога сме излезени во јавност, луѓето нѐ гледаат и ни шепотат зад грб, дури и нѐ фотографираат. Исто така, јас сум мала. Јас сум малку повеќе од метар и пол висока, додека Џон е висок 1,80 метри. Затоа со него изгледам уште помладо - објаснува Тејлор Реј.

Во овие ситуации, раскажува таа, луѓето мислат дека можеби сме татко и ќерка.

- Изгледам како девојка со него, но се држиме за рака и го носам мојот веренички прстен. Кога гледам луѓе што нѐ гледаат или нѐ фотографираат, го гушкам уште посилно и му велам да ме бакне. Секогаш сум гламурозна, носам очила и големи чанти, а Џон обично оди во шорцеви и влечки - се смее Тејлор Реј.


Таа вели дека е свесна дека луѓето ги осудуваат и претпоставуваат работи за кои не знаат.

- Џон се смее на тоа и се прашува дали навистина мислат дека би бил навреден ако го прашаат дали е татко ми или дедо. Но, тоа не го навредува. Напротив, им одговара како ме привлече - објасни таа.

Тејлор Реј го запознала Џон, инаку татко на три деца, на Тиндер. Тие размениле неколку пораки. Потоа му се јавила и разговарале речиси три часа. И покрај разликата во годините, Тејлор Реј вели дека знаела дека Џон е вистинскиот веднаш по заедничкото патување во Њујорк. Кога се вративме, сфатив дека тој е човекот со кој сакам да бидам“. Има многу хемија меѓу нас, имаме иста смисла за хумор и ги споделуваме животните амбиции. И двајцата сме љубезни и добри луѓе - заклучи таа.

Извор:24сата.хр