Не носат маски? Ќе си копаат гробови и ќе лежат во ковчези за казна

Официјалните лица се надеваат дека ова ќе ги одврати од кршењето на правилата

Во Индонезија, луѓето фатени без заштитни маски копаат гробови за жртвите на вирусот ковид-19.

Официјални лица во Грешик, Источна Јава, пронајдоа креативен начин да казнат осум локални жители кои одбиле да носат заштитни маски - помагајќи да се справат со недостатокот на гробари.

Осум лица беа принудени да копаат гробови на јавни гробишта.

Во тоа место, официјалните лица се надеваат дека оваа казна ќе ги одврати луѓето од кршење на правилата.

Има зголемување на новозаразени лица со коронавирус на ова место, што го принуди селото да ги засили мерките.

Во меѓувреме, главниот град Џакарта, е под заострени социјални ограничувања, обидувајќи се да го спречат зголемувањето на вирусните инфекции - кои започнаа да ги туркаат болниците на „небезбедни нивоа“, пренесе АП.

Од друга страна, во Џакарта луѓето се казнуваат и со лежење во ковчези затоа што не носат заштитна маска.