Не се лажете: Ако го видите ова во близина на брегот, не влегувајте во вода - експертите предупредуваат на опасност
Постојат некои опасности пред ајкулите кои повеќето луѓе лесно ги игнорираат, а кои би можеле да не чинат здравје и живот
Во последните недели сите светски медиуми пишуваат за крволочните ајкули и за трагедиите што се случија во Египет, а сега и во Америка. A пред овие морски суштества, постојат некои опасности кои повеќето луѓе лесно ги игнорираат, а кои би можеле да не чинат здравје и живот.
Експертите предупредуваат дека доколку видите една специфична појава на плажа, во никој случај не влегувајте во водата!
Сите знаат дека подводните вирови не можат да се видат со голо око на површината, па опасноста да бидете „проголтани“ и да се удави некој, е поголема . Она што спасувачите го забележуваат е дека повеќето луѓе се залажуваат кога времето е ведро и не сфаќаат дека водната линија е во опасност под површината.
Сепак, постои еден многу видлив знак за предупредување. Ако брановите формирале квадратна шема, експертите предупредуваат да се држите надвор од водата бидејќи опасноста за капачите, па дури и за чамците што се во близина на брегот е огромна!
Овој „квадрат дезен“ можеби изгледа прекрасно, но воопшто не е „наивен“. Тоа се случува кога „групи“ океански бранови управувани од ветер се судираат со бранови предизвикани од изменети временски услови.
Ваквото мешање на водата што се движи може да предизвика моќни бранови кои можат да достигнат висина и до три метри и можат да ги „фатат“ пливачите како и чамците. Овие бранови, исто така, може да предизвикаат силни струи, кои претставуваат сериозна опасност за безбедноста на секој во водата.
извор:alo.rs