НЕ треба да се шегувате со неа: 80-годишна баба со стап му покажа на крадецот (ВИДЕО)

Таа доби награда за храброст

Осумдесетгодишната Џун Тарнер од Велика Британија ја прими наградата за храброст откако со стапот успеа да избрка маскиран разбојник од нејзината продавница.

Мажот избегал со украдени 50 евра и кутија цигари, по што бил пронајден и уапсен.

Оваа награда се доделува секоја година на луѓе кои покажале голема храброст во некоја ситуација.

Овој необичен настан е снимен од камера во продавница каде Џун работи 45 години.


Бабата изрази голема благодарност за оваа награда и рече дека е подготвена да се жртвува за своето семејство.


Можеби ќе ве интересира: