„Не водев љубов до 29 години, бев предебел“: Изгуби 150 килограми но и невиноста, го викаат „Лео машина“
Некогаш тежеше 200 килограми, а денес го викаат Лео машината! Еве како успеал да ослабе и да изгуби невиност само на 29 години.
Маж успеа да ослабе неверојатни 150 килограми за конечно да ја изгуби невиноста на 29 години. Дотогаш мислеше дека е премногу дебел за да води љубов.
Леонардно Маќадо од Бразил успеа да го постигне она што многумина со огромни вишок килограми го посакуваат – да ја доведе својата линија на посакуваното ниво.
Кога имал само 11 години, тежел 100 килограми, а кога достигнал 200 килограми, лекарот го предупредил дека тешко дека ќе доживее 30. Ова го поттикнало да ги преземе работите во свои раце!
Сега, на 31-годишна возраст, Лео им помага на другите да се ослободат од вишокот килограми и да си ја вратат самодовербата. Иако претходно не смеел да им приоѓа на жените, сепак успеал да ја изгуби невиноста на 29 години.
„Се плашев дури и да разговарам со жени. Имав комплекси за моето тело“, рекол тој, пишува The Sun.
Тој додава дека дури и се срамел да отиде до продавница и да излезе на улица. Еден ден за време на тренинзите, тој конечно го надминал стравот и разговарал со девојка која дошла во теретаната каде што тренира.
„Работев на тоа во мојот ум, а потоа никогаш повеќе не се плашев да разговарам со никого“, рече тој на крајот од интервјуто.
Видеото ја прикажува шокантната трансформација од буцкасто момче во неверојатно фит маж. Денес, Леонардо се нарекува себеси Лео машината, па дури и учествува на натпревари во бодибилдинг.
Фото:screenshot