(ВО ЖИВО) Небесен феномен кој се гледа еднаш на 500 години: Ќе почувствуваме ли промени
Денешното делумно затемнување на Месечината ќе трае три часа
и 28 минути и ќе биде најдолго во 21 век. Претходното најдолго затемнување се
случи во 2018 година и траеше еден час, 42 минути и 57 секунди. Последен пат
делумно затемнување на Месечината траеше толку долго во 1440 година, кога Инките
го изградија Мачу Пикчу. Делумно затемнување на Месечината се случува кога Земјината
сенка не ја покрива целосно Месечината. Во овој случај, 97 отсто од површината
на Месечината ќе биде покриена, пренесува N1.
Затемнувањето ќе биде видливо од Северна Америка, делови од Јужна Америка, Полинезија, Австралија и Кина, објави НАСА. Затемнувањето ќе биде целосно или делумно видливо од северните делови на Европа, а нешто пократко од западните делови на нашиот континент, додека од нашата земја нема да биде видливо.
За време на затемнувањето, Месечината ќе биде на најоддалечената точка од Земјата, што ќе ја забави нејзината орбита, така што затемнувањето ќе трае долго, бидејќи ќе треба многу време да излезе од Земјината сенка, бидејќи Месечината , Земјата и Сонцето ќе бидат порамнети.
Врвот на делумното затемнување ќе се случи рано наутро кога 97 отсто од Месечината ќе биде затемнета од сенката на Земјата.
Претходното најдолго делумно затемнување на Месечината се случи во 2018 година и траеше помалку од два часа, пренесуваат агенциите.
Следното затемнување на Месечината е најавено за мај 2022 година.
Фото: Youtube/screenshoot