Неколку пати неделно го пуштам сопругот да спие со мајка ми и сестра ми: Бизарни семејни односи кои шокираат, сите се прашуваат само една работа

Не е невообичаено мајките и ќерките да бидат блиски, како најдобри пријателки, особено во тинејџерските години. Често, покрај тајните, ја споделуваат и својата гардероба, шминка и чевли

Сепак, некои односи меѓу мајка и ќерка се многу поблиски, но и пошокантни и споделуваат некои други работи, како на пример - емотивен партнер.

Приказна која ги шокираше сите

Тиктокерката Мади Брукс ја сподели својата приказна пред неколку години и истакна дека не гледа никаков проблем во споделувањето на нејзиниот сопруг со нејзината мајка и нејзината сестра.

Видеото кое ја претставуваше нејзината исповед е избришано, а како што интернетот памети сѐ, остатокот од реакциите се сведоштво за оваа бизарна приказна.

@badabun @soyfelipeoficial

„Можам едноставно да ѝ го препуштам сопругот“

Во видеото споделено од други тиктокери како реакција, може да се слушне како објаснува дека може да го искористи тоа во своја полза кога е „нерасположена“.

- И јас и мајка ми сме свингери и тоа е одлично. Знаеш зошто? Секогаш кога не сум расположена, можам само да ѝ го оставам сопругот на неа. Да, јас сум таква жена. Му дозволувам на мојот сопруг да ја има неколку пати неделно - вели таа во контроверзното видео.

Брукс, нејзиниот сопруг и нејзината мајка се во отворена врска, а Брукс откри дека дури и нејзината помлада сестра понекогаш се занимава со него.

@missxkissx #duet with @madibrooks567

- Сакаш да знаеш како го одржувам мојот човек среќен? Го пуштив да си игра со мојата помала сестра – вели таа.

Се подразбира дека има секакви врски, при што отворените и полигамните врски не се ни малку невообичаени, но нема да се изненадите кога ќе слушнете дека видеото на оваа девојка продолжува да предизвикува збунетост кај гледачите.

@alfredomarquez54 #pegar un video de @madibrooks567

Сите се прашуваат само едно

Некои луѓе се прашуваат каде оди Брукс кога нејзиниот сопруг е оној кој „не е расположен“, истакнувајќи дека сите други вклучени во врската со неа ѝ се роднини. Сепак, она што ги заинтригира сите беа овие бизарни семејни врски, кои сѐ уште не им се јасни на луѓето.


Извор: курир.рс