Нема да ми платите што ви молерисав, епа еве ви! Молерот решил да им се одмазди вака
Во 2020 година, жителите на Болсовер, мало гратче во Англија, беа изненадени кога видоа необична порака на фасадата на поранешниот клуб North Star.
На свежо обоениот ѕид со големи црни букви пишуваше: „Сакаш некој да ти ја избели куќата? Не биди како Тери, плати ја сметката! Сега ќе мораш!"
Пораката ја остави Дин Ривс, локален сликар и декоратор, како одговор на клиентот за кој тврди дека не му платил 500 фунти (околу 645 долари) за завршената работа.
Ривс бил ангажиран да ја обои зградата во процес на реновирање во станови, но по завршувањето на работата, тој се соочил со дополнителни барања од клиентот, што довело до конфликти и неисплатени пари.
Исфрустриран од неправдата, Ривс решил да го привлече вниманието на својот проблем на креативен, но крајно неконвенционален начин.
Неговата порака на фасадата предизвика бројни реакции кај минувачите, кои се фотографираа и ја споделија оваа глетка на социјалните мрежи.
Додека многумина го поддржаа неговиот потег, сметајќи го за борец за правата на занаетчиите, некои го критикуваа начинот на кој тој решил да го реши проблемот. Сепак, Ривс не покажува каење.
-Луѓето не разбираат колку е тешко да се сработи ваква работа, а уште потешко е кога клиентите ве третираат со непочитување. Ова беше единствениот начин да се покаже дека договорот мора да се почитува - изјави тој за локалните медиуми.
Овој случај започна дебата за правата на занаетчиите и предизвиците со кои се соочуваат, особено кога станува збор за наплата на нивните услуги.
Фото: Фјесбук/ фреепик