Забава // Занимливости
Нема врска со коронавирусот: Погледнете што претставуваат овие црвени точки на картата и каде е Македонија
- 09 Јуни, 2020
Познато е дека фудбалот е најважната споредна работа на светот, а судејќи според оваа карта, се чини дека не станува збор за обична фраза.
Деновиве на социјалните мрежи се појави мапа на Европа, која покажува колку е важен фудбалот за луѓето на нашиот континент.
Имено, секој фудбалски терен е обележан со мала црвена точка, без разлика дали е професионален или аматерски клуб. Резултатот е навистина импресивен.
Every red dot is a football pitch #Map #Maps #Terriblemaps #TerribleMap #Football pic.twitter.com/7TYK19RJE6
— Terrible Maps (@TerribleMaps) January 24, 2020
Целата мапа е практично црвена, со тоа што е најгуста во Франција, Германија, Данска, Италија, а картата покажува погусти точки во западниот дел на Македонија и Скопскиот регион, додека на југ се ретки.