Немаат заштитна опрема, медицинските сестри носат кеси за ѓубре
Во една болница во Менхетн во САД, медицинскиот персонал веќе нема опрема за заштита, па медицинските сестри се принудени да носат кеси за ѓубре за да се заштитат од коронавирусот.
Некои медицинските сестри ги обвинија одговорните за предизвикување смрт на еден од нивните колеги токму поради тоа.
„Болницата го уби и тие треба да одговараат за тоа“, рече една од медицинските сестри.Holy freaking hell. A nursing manager at Mt Sinai Hospital in NYC just died from coronavirus. Nurses at the hospital have been wearing trash bags because of the lack of protective gear. https://t.co/DSkHKVECmE pic.twitter.com/gl3w7ksPog
— Mark Elliott (@markmobility) March 26, 2020
Друга медицинска сестра рече дека проблемите со недостаток на опрема не се нови и траат една година, поради што персоналот често пати бил принудувал да ги крие личните залихи и дека ситуацијата станала критична кога пациентите со вирус „Ковид- 19“ почнале да пристигнуваат во болницата.
Поради тоа, сестрите почнаа да носат кеси за ѓубре.
Портпаролката на болницата негираше дека болницата нема соодветна опрема и не ги заштитува вработените.
Оваа неверојатна фотографија која се шири на социјалните медиуми прикажува три медицински сестри кои позираат во ходникот облечени во големи, црни пластични кеси за ѓубре, направени како импровизирана заштитна облека.
„Нема повеќе заштитна опрема… нема повеќе маски, а ние веќе користиме… медицински сестри се справат со кризата со коронавирус“, се вели во насловот.