Необичен знак дека сте ја прележале короната, а можеби не сте ни знаеле
Симптом кој нема врска со температура и кашлање, кој можеби е знак дека сте ја прележале короната „на нозе“.
Странските медиуми порано пренесоа дека ова е еден од новите симптоми кои лекарите го поврзуваат со коронавирусот, а тоа е осипот сличен на смрзнатини, кој се појавува на прстите на нозете.
Сега американските медиуми јавуваат дека овој симптом всушност има потполно друго значење!
Овој осип минатите месеци беше забележан кај пациентите во Америка, но и во Велика Британија. Станува збор за црвен или модар осип кој се појавува на прстите на нозете.
„И понатаму учиме за сѐ што е поврзано со оваа болест, но овие лезии кои се појавуваат на прстите многу потсетуваат на оштетување кое го добиваме при многу ниски температури. Симптомот на некој начин е поврзан со Ковид - 19, а тоа е веројатно резултат на воспаление или органичен крвоток во делот на телото. Интересно е што го гледаме и кај луѓе кои се оздравени, односно се појавува дури откако тие повеќе не се позитивни на коронавирусот“ - рече неврохирургот д-р Санџеј Групт за Си-Ен-Ен.
Симптомот наречен „ковид прсти“ е можен знак дека некој го прележал коронавирусот.