Необична чардак викендица на крајот на светот: Ова е тоа што ни треба (ФОТО)

Мора да признаеме дека одморот во целосна приватност, далеку од цивилизацијата, со бројни удобни карактеристики на дофат на раката, звучи привлечно и релаксирачко. Дизајнирана од Тилина Лијанас од Шри Ланка, Ocean Cabin (Оушн Кабин) им го нуди на своите сопственици токму тоа, но и многу повеќе. 

Тоа е совршен чардак изграден на огромна карпа свртена кон океанот. Обликот на ова викендица доаѓа во облик на буквата А и му дава остар изглед и привлечност, инспириран од карпестата плажа која се наоѓа под неа, додека внатрешноста на викендичката е топла и гостопримлива со дизајн исполнет со дрво и природни материјали. 

Секој што сака да пристапи до ова неверојатно место, потребно е да се искачи по долгите скалила, додека неговата висока позиција овозможува уживање во спектакуларниот поглед на крајбрежјето пред и бујното зеленило сместено позади. Куќата е изградена во интересен стил, што го прави заштитен од ефектите на плимата и осеката, додека стаклената фасада ви овозможува да уживате во неверојатниот поглед на смирувачкото отворено море. 

И кога ќе падне ноќта и ќе се појават sвезди на небото, закосените светла што се наоѓаат над креветот ги тераат гостите да помислат дека се во земјата на соништата дури и пред да паднат во вистински сон.


Фото: muskimagazin.rs