Непознати факти за Папите: Убијте ги сите, Господ си го знае своето!

Ватикан од секогаш знаел да фасцинира со својата неизвесност, богатство, но најмногу со своите тајни.

Ова се неколку интересни факти за Папите кои досега не сте ги знаеле:

1. Кога Папата Бендикт XVI ја прогласи својата оставка, зборувајќи латински, само една новинарка, од италијанската агенција „Анса“, ја разбрала содржината на неговата порака.

2. Папата Фабијан, кој бил на служба од 236 до 250 година, воопшто не бил именуван како кандидат за Папа. Всушност, тој дошол во Рим за да присуствува на изборот на новиот епископ, но додека траела целата церемонија, на неговото рамо слетал галеб што означувало божји знак дека тој треба да е избран, па Фабијан ведаш бил прогласен за епископ.

3. Папата Пјер XII кој бил избран во 1939 година бил критикуван, бидејќи му се спротиставил на Хитлер. Во тоа време, Папата им помагал и организирал спасување на 860.000 евреи низ Европа.

4. Веројатно последната работа со која може да го поврзете Ватикан е скромноста и сиромаштијата. Отсекогаш папите поседувале луксузни автомобили, со кои биле транспортирани меѓу луѓето и за кои им аплаудирале во чест. Само Папата Франциск сакал син Форд Фокус.

5. Папата Бенедикт XVI никогаш не научил да вози автомобил, ниту пак поседувал возачка дозвола. Но, затоа имал пилотска лиценца и управувал со мал авион и хелихоптер кои бил во сопствеништво на Ватикан. Често го користел хелихоптерот за да се превозувал до папската резиденција.

.6. Папата Иносент Трети во 1209 година прогласил сурова војна против кралевите, противниците на феудализмот и црковната хиерархија. Неговиот гласник го прашал како да ги разликува католиците од муслиманите, а папата одговори: "Убиј ги сите, Господ си го знае своето!"

7. Папата Лав Петти имал куче кое јадело заедно со него. Секако, дека тоа им сметало на некои луѓе, па му дале отров на кучето. Папата веднаш наредил да му се направи клизма од чисто злато. Баш штета, но тоа не му помогнало на кучето да преживее.

 8. Папата Целестин Петти бил папа цели пет месеци. Се повлекол од престолот кога удрил со главата во ѕид. Тогаш тој одлучил да се врати на својот монашки живот, кој го водел пред да биде прогласен за Папа. Меѓутоа, неговиот заменик, Папата Бонифацие VII го затворил за да не може повторно да се врати на престолот. Умрел во заробеништво на 19 мај 1296 година.

9. Папата Јован XVII умрел за време на секс со мажена жена или како што некои други прераскажуваат, после состанок со нејзиниот бесен маж. И двете верзии од приказната се доста интересни. Папата Јован бил познат по тоа што за своето здравје му се заблагодарувал на ѓаволот.

10. Пред да стане Папа Пиј, бил познат по различните професии, вклучувајќи ја и книжевноста. Од неговото перо изглегла книгата „Приказна за двајца љубовници“. Ова е приказна за забранета њубов помеѓу една жена и осамен маж. Папската еротика станала една од најпродаваните книги на целиот петнаесети век.