Забава // Занимливости
Неверојатна снимка: Човек го погоди гром. Тој го преживеа ...
- 29 Декември, 2021 20:00
Еден чувар во Индонезија имаше неверојатна среќа што за чудо
преживеа удар од гром. Видеото е неверојатно и го прикажува моментот кога
неговиот чадор го удри гром и тој исчезнува во светлината, па чуварот паѓа на земја.
Сè се случило на 20 декември кога 35-годишниот Абдул Росид патролирал во дворот на еден магацин во Џакарта. Додека се движел низ дворот, удар на гром го соборил на земја, а на помош брзо му дошле и другите обезбедувачи.
Росид бил итно пренесен во болница каде што било откриено дека се здобил само со изгореници на рацете и бил пуштен на домашна нега неколку дена подоцна, според Њујорк пост.
Фото: Youtube