Неверојатно: Додека известуваше во живо, мостот се преполови
Пред само неколку секунди, таа стоеше таму
Новинарка од Северна Каролина доживеа вистински шок за време на известувањето во живо, кога мостот на кој таа стоеше одеднаш се преполови.
Амбер Робертс од каналот Фокс 46 застана на мостот со снимателот и известуваше за поплавите што се случија по силното тропско невреме Ета.
CLOSE CALL! A bridge in Alexander County collapsed live on-air. Flooding rains have brought dangerous conditions across the western Carolinas. Please stay safe, everyone! @AmberFOX46
— FOX 46 Charlotte (@FOX46News) November 12, 2020
MORE: https://t.co/2T6IQRzMqn
PHOTO GALLERY: https://t.co/vntMgmQkIk pic.twitter.com/J9HO7hjXiM
Во еден момент, можете да видите како мостот е пресечен на половина и луѓе кои бегаат во спротивна насока, и може да се слушне ненадеен крик на новинар.
„Ова е неверојатно застрашувачко“, извикува Робертс додека се урива дел од мостот.
Во тој момент екипата се повлекла, а новинарот рекол дека пред неколку секунди стоеле на истото место каде што мостот бил преполовен.
По неколку часа, Роберт се појави во друг извештај и потврди дека и таа и нејзиниот снимател се добро, но дека станува збор за застрашувачка ситуација.
Видео: Твитер
Можеби ќе ве интересира: