НЕВЕРОЈАТНО ОТКРИТИЕ: На речниот брег пронајдоа дрвен ковчег, а во него... НЕПРОЦЕНЛИВО БОГАТСТВО
Египетските и
шпанските археолози пронајдоа мумија стара 3.600 години во Луксор, на источниот
брег на Нил.
Во гробницата е откриена дрвен ковчег со големина од 1,75х 0,33 метри, а во него биле мумифицирани остатоци од 15-годишно девојче.
Во рамките на ковчегот се наоѓала дрвена фигура на Шабти, завиткана во ленен завој, со врежан текст кој го открива идентитетот на погребаната- по име Џехути.
Како што пренесуваат странските медиуми, од надворешноста бел а во внатрешната страна со црвена боја, датира од периодот на 17-та фараонска династија, односно 1.600 години п.н.е.
Во едноделниот ковчег од јавор, пронајдени се четири ѓердани изработени од скапоцени камења со различна боја, бакарна обетка во увото на мумијата и еден пар црвени сандали на дното.
На сандалите беа врежани со мотиви што го претставуваат богот Бес, мачки, кози, цвеќиња ...