НЕВЕРОЈАТНО: Пред една година изгуби телефон покрај езеро, нуркачите сега го најдоа и останаа шокирани (ФОТО)
Фото: Profimedia
Дали е можно да изгледа вака?
Се случи чудо - Тајванецот Чен Ји го најде својот Ајфон една година откако го изгуби покрај езерото Sun Moon.
Чен веќе се прости од телефонот и купи друг кога луѓе кои работат блиску до езерото му се јавиле за да му кажат како нуркачите, пливајќи во езерото во друга прилика, успеале да го пронајдат неговиот iPhone.
Она што ги зачуди и нив, а и Чен беше дека iPhone-от бил во совршена состојба, во смисла на функционалноста. Сè на него се‘ уште работело иако беше на дното на езерото цела една година, а сега требаше само да се надополни.
Чен Ји потоа ја објави сторијата на Фејсбук, која понатаму ја споделија сите во Азија, а потоа и низ целиот свет, нагласувајќи дека тој сè уште го користи истиот телефон, и дека тоа многу му значело затоа што имал важни деловни и приватни информации во него.
— pensador (@sakriosamime) April 6, 2021
Фото: Твитер