НЕВЕРОЈАТНО! Зошто едни јајца се со кафена, а други со бела боја?
Јајцата се едни од омилените јадења на многумина. Тие честопати се дел од дневното мени, без разлика дали ги подготвуваме сами или ги користиме како додаток за подготовка на оброците.
Но, веројатно сте забележале дека тие се разликуваат не само по големината, туку и по бојата. Значи, имаме кафени јајца во сите кафени нијанси, но и бели.
Која боја ќе биде јајцето зависи од видот на кокошката
- Гените на кокошката ја избираат бојата на лушпата. Имено, кокошките со бели пердуви несат бели, а црвеникаво-кафеавите несат кафеави јајца - објаснува Тро.В. Буи, генетичарка и професорка на Универзитетот Корнел во Њујорк.
Таа вели дека расата Араукан, попозната како велигденска кокошка, произведува јајца со сина нијанса.
Значи, сè е во генетиката и навистина нема разлика. Меѓутоа, ако нема разлика во вкусот, тогаш зошто тие се во различни кутии во продавниците?
Всушност, станува збор за цената на одгледување различни кокошки. Кокошките кои несат кафеави јајца обично се со повисоки цени, а трошоците за одгледување и нивно хранење се многу повисоки, додека белите кокошки се поприфатливи и рентабилни за производство, пишува Reader’s Digest.