Ни полицијата не можеше да си поверува: Што шверцувала жена во лажен труднички стомак
Жена од Бразил беше уапсена за шверц на кокаин во внатрешноста на лубеницата која ја маскирала како труднички стомак.
Таа наводно се качила во автобус за Рио де Жанеиро со лубеница исполнета со дрога, под фустанот и се преправала дека е бремена. Полицијата ја проверила откако добиле дојава за осомниченост, но дури и тие биле изненадени кога откриле дека трудничкиот стомак всушност е лубеница.
Во внатрешноста на лубеницата полицијата открила четири блока кокаин тешки приближно два килограми. Тој бил запленет во понеделникот, на 30-ти ноември.
Според бразилската полиција, жената признала дека примила пакети дрога во Парагвај и планирала да ја прошверцува во Рио де Жанеиро. Таа беше уапсена во Гвара и потоа однесена во полициска станица. Полицијата исто така објави фотографии на Фејсбук.
Случајот остави многумина без текст, а некои напишаа дека не знаат дали да се смеат или плачат додека други ѝ честитаат на полицијата за фаќањето на „креативниот криминалец“. Полицијата го опиша неуспешниот случај на криумчарење како „креативност без граници“.
извор:index.hr