Ние не ги заслужуваме животните: Орангутанот направи клуч од кафезот во золошката градина...
- 12 Март, 2024
Орангутанот Фу Манчу, кој живеел во зоолошката градина во Небраска од 1965 до 1983 година, неколку пати избегал од својот кафез користејќи клуч што го направил од парче жица.
Заедно со него во оградениот простор излегле и неговите соседи.
Групата никогаш не правела проблеми и не се обидела да ја напушти зоолошката градина, тие само сакале да излезат од заградениот простор и да се дружат во други делови од зоолошката градина. Нивното омилено место биле брестовите во близина на куќиштето за слоновите.
Вработените во зоолошката градина долго време биле збунети. Кога Фу бил прегледан, тој го скрил клучот во устата, ставајќи ја жицата меѓу усната и непцата и ја вадил само кога сакал да излезе на мало патување.
Ова е откриено дури по шестото „бегство“.