Никако не ги пребарувајте на Google: Овие клучни зборови може да ви донесат големи проблеми!

Google е исклучително корисна алатка бидејќи може да ви даде информации што ги барате за одредена тема. 

Сè што треба да направите е да внесете клучен збор или да поставите прашање (писмено или со гласовна команда), а можете дури и да пребарувате по фотографија.

Сепак, постојат седум (најмалку) работи кои никогаш не би требало да ги гуглате, од многу специфични причини.

Да погледнеме за што станува збор.

Како да се направи бомба

Општо земено, никогаш не треба да пребарувате на Google незаконска содржина од било каков вид (на пример упатства за правење бомби или информации за забранети психотропни супстанции). 

Причината не е во тоа што нема да најдете точен одговор, туку во тоа што на вашиот компјутер ќе остане соодветна трага која полицијата ќе ја открие кога ќе ви затропа на врата за да ве уапси.

Информации за болести и нивните симптоми

Признаваме, тоа многупати сме го направиле. Најверојатно е дека информациите што ќе ги најдете нема да бидат тоа што ви треба, ќе ве исплашат, нема да ги разберете или ќе бидат погрешни. Наместо тоа, закажете преглед кај лекар.

Диети што ветуваат чуда

Чудотворни диети, оние од кои за една недела ќе ослабете десет килограми јадејќи само палачинки, сè што можат да ви „понудат“ е штета по здравјето. Ако сакате да ослабете, посетете нутриционист.

Водичи како да се збогатите

Друго е да барате информации како да заработите повеќе пари, а друго да следите „три чекори до богатство“. Кога богатството би доаѓало во три чекори, сиромаштијата одамна ќе беше искоренета.

Смислата на животот

Секој од нас му дава своја смисла на животот, затоа одговорите што ќе ги најдете на Google најверојатно нема да бидат применливи на вас и вашиот уникатен случај.

Часот на смртта

Постои сајт кој наводно го предвидува (односно, случајно ви прикажува) денот на вашата смрт. Ова можеби ќе ви изгледа забавно, но постои голема шанса датумот што ќе го видите да ви се заглави во главата и да не можете да се ослободите од лоши мисли.

Срамна сексуален содржина

Сексот не е срамота, но ако пребарувате таква содржина од вашиот канцелариски компјутер, имајте на ум дека администраторот на системот и онака ќе може да види што сте гледале и што сте барале.

Извор / Freepik