НИКОГАШ НЕ СТЕ СЛУШНАЛЕ ЗА НЕГО! Ова е најбогатиот фудбалер во светот, има 20 пати повеќе пари од Роналдо и Меси заедно!

Интересно, ниту Кристијано Роналдо, кој според Форбс стана првиот фудбалер кој заработил повеќе од милијарда евра во кариерата, ниту Лионел Меси, кој неодамна му се придружи на истата листа како „милијардер“, не му се ни до колена.на момчето кое го напушти клубот без да одигра минута!

Секако, тоа е Фаик Болкијах, кој е братучед на принцот од Брунеи, а беше и член на Лестер. 

Овој фудбалер „тежи“ неверојатни 20 милијарди долари.

Има 23 години и капитен на репрезентацијата на Брунеи. Тука работите стануваат малку појасни. Неговиот татко е Џефри Болкија, принцот од Брунеи и братучед на Хасанал Болкиах, сегашниот султан од Брунеи.

Младиот Фаик Болкијах е во Лестер од 2016 година, но бидејќи не доби можност да игра за првиот тим, реши да ја смени средината, но и таму не се снајде.

Сакаше да го оствари својот сон - да стане фудбалска ѕвезда, но стана жив доказ дека со пари не може се да се купи, па доживеа едно од најголемите понижувања. Португалецот Маритимо го раскина договорот со него, а Фаик не одигра ниту една минута за тој тим.


Најблиску до дебито пред неколку сезони кога беше на клупата на натпреварот против Спортинг Лисабон. Почна да игра фудбал во Англија, беше во младинските тимови на Арсенал, Стоук, Челзи, а во Лестер се приклучи во 2016 година. Сепак, набрзо и тој и „лисиците“ сфатија дека Премиер лигата е преголем залак, па реши да замине во Маритимо.


- Јас сум играч кој сака да создава работи на теренот. Ги покривам крилните позиции и играм офанзивен играч за врска. Сакам да постигнувам голови – објасни во една прилика овој фудбалер, пренесе „Курир“.


Кој е Фаик Болкијах?

Роден е на 9 мај 1998 година во Лос Анџелес, а неговиот начин на живот често привлекува големо внимание. 

Тој постојано се пофали на социјалните мрежи со своите миленици, како тигрите и леопардите. 

Има и видео како си игра со тигар во неговата вила.

Има и една интересна приказна дека еднаш за еден месец потрошил 35 милиони долари.