Никој не ја користи за таа цел: Знаете ли за што служи фиоката под рерната?
Веројатно припаѓате на група луѓе кои имаат хартија за печење, фолија, капаци или
калапи за мафини во фиоката
под рерната.
Без разлика за што ја користите, веројатно не ја користите за она за што ја наменил производителот.
Оваа фиока всушност служи за да ја одржува храната топла. Станува збор за „топла фиока“ во која можете да ставите храна по печењето и таа да остане топла до сервирање.
Ако сè уште имате упатства со вашата рерна, проверете што пишува. Повеќето од нив имаат ваков опис: Топлата фиока е дизајнирана да ја одржува топлината на топлата храна на температура на сервирање. Секогаш ставајте топла храна во неа. Ладна храна или онаа на собна температура не може да се загрее или готви во „топлата фиока“, пишува Redbookmag.
Доколку сè уште не сте ја користеле, може да ви послужи кога гостите доцнат за да ви ја загрее храната.
Фото: Профимедиа