Никола му го спаси животот на својот пријател Лука давајќи му бубрег и повеќе од половина од црниот дроб

Никола Субашиќ (1993) му го спасил животот на својот пријател Лука Васиљевиќ (1994) давајќи му бубрег и повеќе од половина од црниот дроб, кои му биле потребни за трансплантација.
Поради вроден недостаток на ензимот Алфа 1 антитрипсин, Лука разви цироза на црниот дроб и бубрежна инсуфициенција, па на само 23-годишна возраст неговиот живот се сведе на дијализа. Единствената надеж за Лука беше трансплантација на бубрег и црн дроб, а ситуацијата ја влоши и тоа што неговите родители не можеа да бидат донатори поради некомпатибилност на крвната група.
Многу роднини и пријатели се повлекоа и замолчеа, а потоа се огласи Никола Субашиќ кој го направи еден од најголемите подвизи на сите времиња.
Никола е роден во завојуваниот Гламоч, и е дете од бегалско семејство. Со брат му се преселил во Белград, каде живеат како станари во куќа на Васиљевиќ. Го загубил татко му, а мајка му, сестрата и уште двајца браќа живеат во Бања Лука. Брзо се спријателил со Лука бидејќи работел во болницата во Земун, каде Лука отишол на дијализа. Како што вели, не можел да гледа како пријателот му трпи, а својата одлука и ја соопштил на мајката на Лука која блескала од среќа.
Храбриот Никола не мрдна ниту кога докторот на шега го праша дали е сигурен во неговата одлука, бидејќи секој десетти умира.
„Мајка ми ме научи да прифатам одговорност за моите одлуки, без разлика дали се добри или лоши. Ова беше добра одлука, ја знаев и ништо не можеше да ме одврати од тоа“, рече Никола.