НИШТО ОД МЕРКИТЕ ЗА СОЦИЈАЛНО ДИСТАНЦИРАЊЕ
Властите во централноамериканската земја на Ел Салвадор во саботата ги игнорираа наметнатите мерки за социјална оддалеченост и ги принудија затворениците во затворот Изалко да седат рамо до рамо, пренесува Дејли Меил.
Претседателот Наиб Букеле (38) нареди 24-часовна затворска изолација за членовите на затворските банди. Букеле рече дека ќе ги испрати водачите на бандите во самица, откако во петокот беа регистрирани 22 убиства во Ел Салвадор.
Портпаролот на полицијата изјави дека станува збор за најголем број убиства во еден ден од минатиот јуни, месец кога Букеле ја презеде функцијата претседател.
Ел Салвадор се бореше со проблемот со моќните улични банди до пред неколку години и имаше најголем број убиства по глава на жител во Северна и Јужна Америка.
Бројот на самоубиства опадна откако дојде на власт Букеле, а има и денови во изминатите неколку месеци кога не се пријавени убиства.
Ел Салвадор воведе некои од најстрогите мерки против коронавирус во Северна и Јужна Америка. Земјата воведе карантин на 22 март и го казнува секое кршење.
Фото: El- Salvador‘s presidency