„Нити можеме да не жалиме, нити труби да викнеме, до ништо не ни е Андреј“: Лила со видеоприлог покажа колку големо срце имал овој човек

Зад нас оставаме една тешка недела. Недела на тага, болка, бес. Нема зборови со кои би можеле да ја опишеме тежина на емоции кои не совладуваат.

По пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој животот го загубија 59 луѓе, сè некако се промени. Големата трагедија се случи за време на концертот на македонската група ДНК, а помеѓу 59-те жртви е и вокалот од дуото ДНК, Андреј Ѓорѓиоски.

Изминатата недела медиумскиот простор е преплавен со информации за неговиот живот, каков човек бил Андреј, сопруг, татко, пријател. Многумина кои го познавале приватно, евоцираат спомени од заедничките мигови преку фотографии или видеа.

Водителката Лила Филиповска објави видеоприлог снимен со Андреј во кој зборува за неговите утрински ритуали, обврските кои ги имал со неговата ќерка Јана, но и помалку познати детали за неговиот живот.

Лила со емотивни зборови се сеќава на овој прекрасен човек:

„Нити можеме да не жалиме, нити труби да викнеме. До ништо не ни е Андреј. Како да не жалиме по едно убаво, културно насмеано дете полно со љубов за сите, љубов која несебично ја делеше каде и да одеше. И да, ветувам дека веќе нема да патетизирам … уште ова скратено видео како уште еден доказ каков ЧОВЕК беше ти. Пеј со ангелите а ние ќе ги пееме твоите хитови и ќе дигнеме глава нагоре затоа што знаеме дека не чуваш од горе“, напиша Лила.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм
РЖМ