Низ прозорецот видел оган во станот на соседот: Пожарникарите излегле на терен, еве што откриле

Противпожарната станица во Загреб на Фејсбук објави фотографија од пожарот за кој во средата добиле повик за итна интервенција.

„Вчера добивме итен повик за интервенција поради наводен пожар во станбена зграда на плоштадот Кенеди. Загрижен сосед пријавил пламен што го видел низ прозорецот. Тимот веднаш излезе на терен, подготвен за акција.

За среќа (или за смеење), се покажа дека е оган - но на ТВ! Домаќинката уживаше во реалната претстава на каминот на големиот екран, кој од далечина изгледаше како вистински пожар.


Иако заврши без опасност, овој случај не‘ потсетува дека е подобро да се пријави отколку да се ризикува“, велат загрепските пожарникари.

Тие исто така додаваат дека овој повик го нема ниту во топ 10 најчудните известувања.


Фото: Фејсбук/freepik