Низ сето ова ќе поминеме заедно: Меланија и Доналд Трамп позитивни на коронавирус

Потврдено е и од Белата куќа. Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија се тестирани позитивно на коронавирус. 

Еве што нашиша Првата дама:

„Како што направија и многу Американци претходно оваа година, претседателот и јас сме во карантин откако се тестиравме позитивно на коронавирусот. Се чувствуваме добро и ги откажав сите планирани активности“, напиша првата дама на САД на Твитер.

„Ве молам, останете безбедни и “низ сето ова ќе поминеме заедно, наведе Меланија Трамп.