НЛБ Банка и Visa со многу изненадувања по повод Олимписките игри
По повод отпочнувањето на Олимписките игри 2020, НЛБ Банка заедно со Visaзапочнуваат возбудлива промотивна кампања полна со подароци и изненадувања која ќе трае во период од 23.07.2021 до 23.08.2021. Visaе официјален спонзор на Олимписките игри 2020 кои минатата година беа одложени и истите ќе се одвиваат во Токио во периодот од 23.07.2021 до 08.08.2021 година.
Во рамките на кампањата сите НЛБ Visa кредитни картички (Visa Classic, Visa Gold) ќе се издаваат без членарина за првата година, пришто за секоја апликација примена во промотивниот период следува специјален промотивен подарок. Дополнително за сите клиенти кои ќе аплицираат онлајн, преку веб страницата на Банката, следува подарок ранец, а картичката за која аплицирале заедно со подарокот ќе биде доставена на нивната домашна адреса.
Исто така, за време на кампањата, ќе бидат организирани различни промотивни активности: специјални промоции во поголемите експозитури на Банката каде клиентите ги очекуваат многу изненадувања, како и повеќе предизвици организирани преку социјалните мрежи со многу подароци. За да бидат постојано во тек со сите случувања и изненадувања, Банката ги повикува своите корисници да ги заследат на нивните официјални профили на социјалните мрежи и да се вклучат во специјалните НЛБ Visa активности по повод одржувањето на Олимписките игри.
Со НЛБ Visa кредитните картички купувате веднаш, а зависно од Вашите можности можете да плаќате 5% или 10% месечно од износот на направената трансакција. НЛБ Visa картичките може да се користат во земјата и во странство, за плаќање на продажни места и подигнување готовина на банкомати секаде каде е истакнат знaкот на Visa.
Повеќе информации за промотивната понуда на НЛБ Банка и Visa, клиентите можат да добијат на веб страницата на Банката: www.nlb.mk или на контакт центарот на телефон: 02/15 600.
ПР објава