НЛО мистерија на Земјата: Што навистина се случувало со телата на вонземјаните?!

За ова цело време се зборуваше....

Приказната за вонземјаните е стара колку и телевизијата и печатот. Но, како започна се:

Се започнало во 2003 година, кога во Претставничкиот дом бил одобрен предлогот на Даниел Фоли, републиканец од Розвел. Во предлогот, меѓу другото, наведел дека вонземјаните придонеле за признавање на Ново Мексико, земја која е поврзана со мали зелени суштества од наводната несреќа на НЛО во 1947 година.

Што се случи?

За време на силна бура на 8 јули 1947 година, неидентификуван објект се урнал недалеку од имотот Розвел во Ново Мексико. Сопственикот на имотот В.В. Мек Бразел пронашол метални остатоци и многу сведоци тогаш изјавиле дека ги забележале нивните необични карактеристики.

„Чудно е што можеш да го стуткаш тој лим, а ако го спуштиш, веднаш би се вратил во првобитната форма“, рекол, според сведоци, синот на Мек, Вилијам Бразел помладиот.

„Летечки диск“

Сомнежите се зголемиле кога Волтер Оу, портпарол на воениот аеродром Розвел, изјавил дека е пронајдена „летечка чинија“.

Неколку часа подоцна на лице место пристигнале владини експерти кои објавија дека пукнал метеоролошки балон.

Вонземјани?

Инцидентот набрзо паднал во заборав до 1978 година, кога физичарот Стентон Т. Фридман го интервјуирал мајорот Џеси Марсел, кој бил меѓу оние кои ги пронашле останките во 1947 година.

Мајорот Марсел рекол дека американската влада го прикрила постоењето на вонземјанското вселенско летало, што поттикнало теории на заговор.

Волтер Оу на смртната постела признал дека приказната за метеоролошкиот балон послужила да го маскираат случајот и тврдел дека ги видел вонземјаните.

Советски пилот?

Во „Површина 51“, Ени Јакобсен теоретизира дека Розвел „бил советски заговор за да предизвика паника во Соединетите држави“.

„Тие ги пронајдоа телата до урнатиот вселенски брод. Тие не беа вонземјани или воздухопловци кои го направија тоа по своја слободна волја. Тие беа невообичаено мали за пилоти, изгледаа како деца. Никој не беше повисок од 150 сантиметри“, напиша таа.

„Тие беа толку деформирани што беше гротескно, но секој на ист начин како и другите. Имаа невообичаено големи глави и огромни очи со необична форма“.

Извештај од Розвел

Во 1994 година, американските воздухопловни сили објавија извештај за инцидент во кој се наведува дека тоа се остатоци од балон користен во истражувачкиот проект MOGUL.

MOGUL бил таен проект за „одредување на состојбата на советското нуклеарно оружје“, во кој микрофоните биле користени за откривање долги звучни бранови.

Извештај од 1997 година

Во извештајот на американското воено воздухопловство на 224 страници насловен како „Розвел извештај: случајот е затворен“ се наведува дека видените „вонземјани“ веројатно биле антропоморфни тест кукли во балони.

„Уверени сме дека ова ќе биде конечната верзија на инцидентот во Розвел кога ќе биде објавен извештајот“, рекол полковникот Џон Хејнс, потпретседател на тимот за деактивирање на тајноста на Военото воздухопловство на САД.


Фото: Профимедиа