Но, како се презива Барби, а како Кен?

Иако се знаеше дека Маргот Роби и Рајан Гослинг се добро платени за работата на филмот „Барби“, сега е откриена точната сума што ја добила австралиската актерка.

Како што дознава весникот „Варајети“, Марго за „Барби“ добила неверојатни 12,5 милиони долари.

Роби беше најплатената актерка во 2022 година благодарение на филмот на Грета Гервиг, а хонорарот ја надмина нејзината претходна најголема заработка од десет милиони долари за блокбастерот „Птици грабливки“ од 2020 година.

Во раните шеесетти, романите за Милисент Робертс беа популарни меѓу американските девојки. Оваа хероина била инспирација за најпознатата кукла на денешницата во светот - Барби.

Барби и Кен се херои од популарните романи за деца

Барби Робертс пораснала во измислениот град Вилоус во државата Висконсин, а нејзината помлада сестра Скипер Робертс исто така се трансформирала во популарна кукла.

И момчето на Барби, Кен, има презиме - се вика Кен Карсон, а со Барби е во бурна врска со многу раскинувања.