Нога ли е, дрога ли е: Светлана го собори Гинисовиот рекорд, има најдолги нозе во светот
Светлана Панкратова денес има 52 години, а на почетокот на милениумот, според Гинисовата книга на рекорди, била прогласена за жена со најдолги нозе на светот, поточно неверојатни 132 см. Како тинејџерка, Светлана сфатила дека има долги нозе бидејќи и било тешко да најде панталони што и прилегаат. Нејзиниот рекорд го собори сонародничката Екатарина во 2008 година со должина на ногата од 134 см.
Должината со која Русинката стекна светска слава и влезе во Гинисовата книга на рекорди е неверојатни 132 сантиметри!
Се разбира, штом нозете и се толку долги, мора и стапалата, а Светлана носи чевли со број 46.
- Никогаш не обрнував посебно внимание на моите нозе - признава Светлана, но се се променило по Гинисовото мерење.
Светлана е помошник тренер во американска гимназија, а пред тоа играла кошарка за Португалија, Израел и Шпанија. Таа престанала да се занимава со професионална кошарка, а се повлекла од спортот во 2000 година.
Долгоногата Русинка е родена во 1971 година во Волгоград и веќе била највисока меѓу своите врсници како девојче. Тогаш децата ја задевале поради долгите нозе, но денес таа е горда на своето тело.
Дури кога била тинејџерка сфатила дека има многу долги нозе бидејќи тешко наоѓала панталони кои и одговараат.
Во 2008 година, таа се појави во Лондон на плоштадот Трафалгар со најнискиот човек на светот, Кинезот Хе Пингпинг за да го промовира новото издание на Гинисовата книга на рекорди. Тој за жал почина во 2010 година, а бил висок само 74 см. Фотографиите направени со Светлана, висока 195 сантиметри, беа атракција во тоа време.
Светлана долго време живеела во Шпанија додека не се омажила и се преселила во Вирџинија, а нејзините долги нозе сè уште се нејзин заштитен знак.
Извор: www.kurir.rs