Забава // Занимливости
НОМИНАЛНО РАСТЕ, РЕАЛНО ОПАЃА: Трговијата со храна, пијалаци и тутун помала отколку лани
- 02 Септември, 2025 19:32

Во јули 2025 година во однос на истиот месец од претходната година стапката на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 7.2 отсто, а реално опаѓа за 0.4 проценти, соопшти Државниот завод за статистика. Истите се бројките и кога ќе се спореди јули 2025 во однос на јули 2024 година
Во Трговијата на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, прометот номинално опаѓа за 2.6 %, а реално за 6.6 %, во Трговијата на мало, освен трговија со горива номинално е зголемена за 2.4 %, а реално опаѓа за 3.4 % и Трговија на мало со автомобилски горива е зголемена реално за 2.2 %, а номинално опаѓа за 5.1 %.
Извор: ФАКТОР