Нов шок за Ибрахимовиќ: Совршеното тело е само параван за сериозен проблем што значи она најлошо

Златан Ибрахимовиќ доби ладен туш. Досега многу пати го дотера своето тело до крајна граница, а сега се чини дека ја плаќа цената за тоа, што може да значи и крај.

Ибрахимовиќ во средината на јануари ги воодушеви сите со своето извајано тело кога беше на одмор во Мајами. Сепак, совршеното тело е параван за многу сериозен проблем.

Легендарниот напаѓач веќе подолго време е без сериозна минутажа. А она што го играше по враќањето на теренот беше најмногу при доаѓањето од клупата.

Само еднаш беше стартер и тоа против Удинезе кога стана најстариот стрелец во историјата на Серија А постигнувајќи гол со 41 година.

Тој доби и покана за репрезентацијата на Шведска. Против Белгија доби минутажа, додека на вториот меч против Азербејџан не настапи. Причината е повреда.



Имено, Ибрахимовиќ го повреди бутниот мускул и ќе отсуствува неколку недели. Тоа е јасен знак дека крајот на издржливоста на неговото тело е многу блиску.

Златан сигурно нема да биде на теренот во наредните месеци и нема да може да им помогне на Росонерите во клучните натпревари од Серија А, додека сигурно не е ниту пријавен за Лигата на шампионите.

Познатиот фудбалер веќе подолго време го одложува пензионирањето. Решен е да игра што подолго, но неговиот проблем со телото станува се посериозен.


Откако речиси 10 месеци беше надвор од терените поради операција на коленото, Ибра се врати на теренот, забележа само пет настапи и пристигна уште една повреда.

Иако неговото извајано тело остава впечаток дека повредите не му можат ништо, сепак вистината е поинаква и со оглед на неговите години, Златан веќе може да се смета за играч на стаклени нозе.

Својата сила често ја демонстрира на постовите, но кога ќе излезе на терен вистината е поинаква и јасно е дека е дојдено време за пензија.


Ибрахимовиќ во текот на кариерата имаше претежно полесни повреди поради кои на кратко ќе останеше надвор од терените. Првиот проблем се појави во април 2017 година кога додека играше за Манчестер Јунајтед мораше да ги оперира лигаментите и отсуствуваше половина година.

Сепак, познавајќи го Златан, зборот „пензија“ го нема во неговиот речник и тој на секој начин ќе се обиде да изнуди нов договор од Милан бидејќи сегашниот му истекува на крајот од сезоната.