Нова љубов во Холивуд! Бред Пит е во врска со позната пејачка, но ја сокри својата романса од јавноста!

Холивудскиот актер Бред Пит (58) наводно е во врска со шведската пејачка Лики Ли, пишуваат странските медиуми. Двајцата впловиле во романса минатата година.

Лики Ли е 23 години помлада од Бред, а бидејќи живеат блиску, лесно успевале да ја сокријат досегашната врска.

Странските медиуми пишуваат дека тој конечно е среќен и ужива во љубовта.

„Бред и Лики би можеле толку лесно да поминат под радарот бидејќи се соседи. На Бред совршено му одговара да има некој што живее толку блиску, за да можат да останат незабележани“, рекол изворот, додавајќи дека парот бил виден заедно во холивудски ресторан.

Ова е Лики Ли која ја поврзуваат со Бред.


Да потсетиме, Бред Пит сѐ уште се бори за старателство над децата по разводот со Анџелина Џоли. Бред и Анџелина за прв пат поднесоа барање за развод во 2016 година, а оттогаш Пит се поврзува со многу познати жени.


Фото: screenshoot