Новак Ѓоковиќ и Рита Ора заедно на натпревар: Реакцијата на тенисерот забележан со албанската пејачка е хит (ВИДЕО)

Нов Зеланд и Јужна Африка се сретнаа во финалето во рагби, а српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ беше виден на трибините во друштво на албанската пејачка Рита Ора!

Новак секако беше главна ѕвезда на ова финале кое се организираше во Франција, па сите камери беа насочени кон него. А на социјалните мрежи се водеше полемика за пејачката која седеше до него за време на финалето.


Инаку, албанската пејачка неодамна го навлече гневот на српскиот народ кога се шеташе по улиците на еден град во Англија и застана пред дигитален билборд, со желба да сними промотивно видео за новиот спот.

Рекламите се менуваа наизменично, а додека таа чекаше да се појави нејзиниот лик, наеднаш во преден план дојде рекламата за најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ, која ја изнервира споменатата пејачка.


Рита незадоволно мавташе со раката, а подоцна видеото го објави на социјалните мрежи, а под видеото доби еден куп негативни коментари.

Извор: kurir.rs