Новак Ѓоковиќ на роденденот од Ева Лонгорија: Тенискиот ас прегрнат со Џесика Алба

Новак Ѓоковиќ е во Мајами каде се подготвува за претстојниот Мастерс, но истовремено и ужива.

Српскиот тенисер беше фотографиран на забавата по повод 50-тиот роденден на холивудската актерка Ева Лонгорија, каде што беше специјален гостин.

Тој се појавил да го одбележи овој голем јубилеј на Ева, а во моментот на снимањето многумина забележале дека е прегрнат со целата екипа додека Лонгорија била пред сите во бел фустан.

Интересно е тоа што бил прегрнат со Џесика Алба, која стоела веднаш до него, но и со уште еден човек кој бил од неговата друга страна.

На роденденот присуствувале и други познати личности како Викторија Бекам (која е најдобра пријателка на Ева), Беки Џи, Лела Понс, Марк Ентони со сопругата, парагвајската мис Надја Фереира…

Лонгорија претходно одлучила да објави серија провокативни фотографии за да покаже дека и на 50 години сè уште изгледа феноменално.