Новата девојка на Бред Пит има 41-годишен сопруг, еве како изгледа (фото)

Сопругот на новата девојка на Бред Пит, Никол Потуралски, конечно беше виден и фотографиран, откако беше откриена врската на холивудската ѕвезда со атрактивната манекенка.

Облечен лежерно во зелена ленена кошула, сини фармерки и бели патики, 68-годишниот угостител Ролан Мари беше забележан за време на ручекот во неговиот ресторан во Берлин, на местото каде што Бред и Никол се сретнаа минатиот август.

Актерот Бред Пит (56) и Никол беа видени заедно пред извесно време на аеродромот во Франција, како се подготвуваа за романтично патување.

За господинот Ролан, кој беше во брак неколку пати, медиумите пишуваат дека тој е „филозофски наклонет“ кон блиските односи на неговата сопруга со американската филмска ѕвезда.

Се наведува дека бизнисменот е во „отворен брак“ со неговата 27-годишна партнерка, со која го има седумгодишниот син Емил.

Двојниот оскаровец Пит беше воодушевен од зачудувачката фигура на Никол минатото лето во ресторан во центарот на Берлин.

Бред вечераше таму додека беше во Германија за да го промовира филмот на Тарантино.

Никол тогаш наводно му дала телефонски број на Бред, а тие се запознале неколку недели подоцна кога таа била во Лос Анџелес на работа, пренесува Дејли меил.

И покрај фактот дека патувањето на Никол на имотот на Пит на југот на Франција пред непилн месец ги шокираше многумина кои знаат дека Никол е мажена, за нејзиниот сопруг, г-дин Мари, како што пишуваат медиумите, тоа не беше изненадување.

Тој не сакаше да ја коментира ситуацијата за медиумите, додека пријателите на ова семејство, како што објави Дејли меил, наведуваат дека тој ја оценувал ситуацијата во семејството како редовна.

Пит го познава бизнисменот Мари со години. Тој го запозна во 2009 година кога снимаше на локација во Германија.

Никол е модел, патува многу, а има повеќе од 100.000 следбеници на социјалните мрежи, а редовно споделува содржини и фотографии во разни модни изданија.

Медиумите пишуваат дека тој зборува пет јазици и дека има полско потекло.

Нејзината кариера ја одведе на модни ревии во Њујорк, Париз и Милано и ги краси насловните страници на престижните модни списанија како „Ел“ или „Космополитен“.

Манекенката е особено горда на својот син Емил, кој редовно се појавува на фотографии на својот профил на Инстаграм.