Ново знаење го разбранува светот: Научниците го разбија најголемиот мит за короната во кој сите верувавме!
Верувањето дека коронавирусот повеќе ги напаѓа мажите и предизвикува смрт во повеќето случаи е вкоренето уште од почетокот на пандемијата.
Сепак, експертите сега тврдат дека тоа не е точно.
Тие спроведоа студија која вклучуваше податоци од Европа, Австралија и Нов Зеланд и откриа дека и мажите и жените умираат од овој вирус во приближен број, па затоа тврдењето во кое сите верувавме паѓа во вода.
„Не постои основан факт дека мажите се погодени повеќе од короната“, велат научниците.
Во април, Кралскиот колеџ во Лондон објави дека жените имаат помал ризик да умрат од корона, доколку ја добијат, додека друго британско истражување покажа дека жените имаат 59% помали шанси да умрат од корона отколку мажите.
Сега е спроведена нова студија на Кралскиот колеџ, според која бројките не ги поддржуваат претходните тврдења.
Во оваа пандемија нема резервни делови, затоа е потребно да се почитуваат сите мерки и да се води грижа за хигиената и да се зајакне имунитетот.