Нудaт 700 евра месечно за да се преселите таму: Треба да исполнувате само два услови

Секој што ќе се насели во регионот Молизе во јужна Италија, ќе добива месечен надоместок од 700 евра за три години. 

Сепак, постојат неколку „стапици“.
Местото каде што ќе се доселат луѓето мора да има помалку од 2.000 жители, а новодојденците мора да започнат некоја деловна активност.

„Да понудевме само финансиска помош, тоа ќе изгледаше како милостина. Сакавме да сториме повеќе. Сакавме да инвестираме во луѓе. Тие можат да отворат бизнис - пекара, продавница, ресторан, што било друго. Ова е начин да им дадеме живот на нашите места, истовремено зголемувајќи го населението“, рече Донато Тома, претседател на Молизе, пренесува РТС.

Тој исто така најави дека секој град со помалку од 2.000 жители ќе добива 10.000 евра месечно со кои можат да промовираат културни содржини.

„Ова не е само за зголемување на популацијата. На луѓето им е потребна инфраструктура и причина да останат, во спротивно сè ќе биде залудно и за неколку години ќе се вратиме на почетокот“, рече Тома.

Според бројките на Институтот за статистика на Италија, Молизе има 305.000 жители и е меѓу регионите што изгубиле најмногу жители во последните години. Повеќе од 9.000 луѓе ја напуштија областа од 2014 година.

Минатата година повеќе од 2.800 жители починале или емигрирале, што е скоро 1.000 повеќе отколку во 2017 година. Во девет градови во таа област во 2018 година, не се родиле бебиња.

За прв пат во последните 90 години, според институтот, бројот на италијански граѓани што живеат во Италија се намали на 55 милиони.

извор:beograd.in
фото: PRINTSCREEN