Нурнете во срцето на земјата: Магичниот рудник
Крајно одредиште- рудникот Туна Хастберг, околу три часа возење северно од Стокхолм.
Туна Хастберг е и името на село со околу петнаесет куќи. Создадено е како населба за рудари кои работеле во рудникот. Самиот рудник е стар околу 500 години, а ископувањето на челик престана во 1960-ти. Тогаш водата започна да ги преплавува подземните ходници. Поради конфигурацијата на теренот, таа е исклучително проѕирна. Шведските нуркачи започнаа со истражување пред нешто повеќе од 10 години. Многу брзо, ова место стана многу познато низ целиот свет меѓу љубителите на нуркањето, пештерите и рудниците.
Нема хотел или друго сместување. Но, затоа постои училиште. Оние кои сакаат да истражат спијатво училиштето, со малку среќа во двокатни кревети, а сопомалку среќа во вреќите на душеците. Големата соба е претворена во трпезарија, и има комплетно опремена кујна. Има доволен број бањи и тоалети, а според шведските стандарди дури и мала сауна. Правилото е исто како и во планинските конаци - како што го наоѓате, така го оставате местото зад себе.
До влезот во рударското окно може да се пристапи со автомобил. Постои лифт за транспорт на опрема што се спушта до длабочина од 80 метри, од каде започнува првото ниво на рудникот. Патем, Туна Хастберг порано достигна длабочина од 600 метри каде што имаше и минирана руда. Најдлабокото нуркање направено во овој рудник беше на длабочина од 150 метри.
Температурата во рудникот е 5 Целзиусови степени во текот на целата година. Водата е константна 3 степени, па затоа е неопходна употреба на специјални суви костуми, како и употреба на друга опрема за нуркање во ладна вода. Зоната за нуркање е една од најорганизираните делови на рудникот. Постои просторија за компресор која е стандард за нуркање во овој рудник.
Швеѓаните велат „нема студено време ако имате соодветна гардероба“.Ако имате соодветна опрема, дури и нуркањето во овие услови може да биде најголемо задоволство.
А, нуркањето е послебно доживување. Како да патувате низ времето. На суво, има огромен ходник со краци до кој се стигнува до огромна подземна сала. Постои сцена на неколку нивоа, каде се планирани разни концерти и веќе се случи една „проба“ за еден таков концерт.
Овој простор има одлични акустични карактеристики, а во комбинација со амбиентот е одличен за настапи и концерти. Засега најголем проблем е еден влез во рудникот, па затоа властите размислуваат колку би било безбедно да се има тука голем број на луѓе...