ОБИДЕТЕ СЕ И ВИЕ: Дали знаете што се случува кога ќе го напишете бројот 241543903 на Google? (ФОТО)

Ако сте користеле Tumblr во 2009 година, веројатно не сте го пропуштиле трендот наречен „241543903“. Кога ќе го внесете овој број на Google и ќе ги погледнете сликите, ќе се прикажат многу фотографии од луѓе кои ги туркаат главите во нивните фрижидери.


Се започна со Дејвид Хоровиц, американски уметник кој објави необични статуси на својот профил на Tumblr и ги покани следбениците да го сторат истото. На пример, тој побара од нив да се однесуваат чудно во јавноста и да гледаат што ќе се случи.

На крајот, Хоровиц им предложил на своите следбеници да се фотографираат со главата во фрижидер и да ја крстат фотографијата „241543903“. Идејата ја добил кога му препорачал на својот болен пријател да ја турне главата во фрижидер.

View this post on Instagram

A post shared by 김하영 (@haayoungs)


Што се однесува до самиот број, тоа беше комбинација од серискиот број на фрижидерот и пакетчињата замрзнати тестенини што ги чуваше во него.