Објавени снимки од богаташи и манекенки од неконтролирана забава во време на коронавирус: „Ние не се криеме“

На интернет се појави видео на развратна забава на богаташи и инфлуенсер во луксузна вила на егзотичниот остров Бали, а јавноста беше разбеснета од тоа што се забавуваат на едно место во време на пандемијата на коронавирус.

Меѓу гостите на забавата што се одржа во Кута се најдоа британски инфлуенсери и две руски манекенки, а очигледно е дека не се придржувале кон правилата за физичко растојание од два метра, пренесува „Дејли меил“.

Забавата ја организираше богатиот пилот, Египќанецот Махмуд Атија, по повод неговиот 21 роденден. Видеото го објавија самите гости, фалејќи се: „Па, не е како да се криеме“.

Во нивна одбрана, Индонезија официјално не забрани јавни собири, но на жителите им било советувано да останат дома и да избегнуваат поголеми собири. Кога станува збор за гостите од оваа забава, жителите на Индонезија велат дека нивното однесување е срамно, нарекувајќи ги ковид идоти и повикувајќи на нивно депортирање.


„Ако не знаете како да се однесувате правилно, вратете се во вашите земји“, им се вели.

Меѓу оние кои се фалеа со забавните снимки беше и влијателниот инфлуенсерТајрон Хермит од Манчестер, но откако беше нападнат, тој избриша сè и се извини.

"Не беше моја забава, се извинувам што бев таму. Не знаев дека ќе има толку многу луѓе на забавата, но снимките изгледаат како да било преполно отколку што беше. Ги почитувам жителите на Бали, ќе донирам на локалните здруженија за да им помогнам на оние што останаа без работа и им треба помош “, тврди тој.