Обложувалниците со полни раце работа: Веќе паѓаат облози за името на бебето на принцот Хари и Меган Маркл

Да, да по веста дека принцот Хари и Меган Маркл очекуваат уште едно дете, со порака дека „Арчи ќе стане постар брат“, британските обложувалници веќе собираат облози за името на идниот брат или сестра на малиот Арчи, синот на принцот Хари и актерката Меган Маркл, а засега најдобро котираат имињата Оливер и Дајана, кои имаат коефициент 8 спрема 1, пренесува „Фонет“.

На второто место, според обложувалниците на „Бетфер“, се имињата Артур и Грејс со коефициент од 10 спрема 1, додека имињата Филип, Алберт, Џорџ и Изабела имаат коефициент од 12 спрема 1.

На дното на списокот е името Борис, кому обложувалницата му дава коефициент од 200 спрема 1 што ќе ги изберат идните родители.

Портпаролот на „Бетфер“, Сем Росботом, за „Индепендент“ изјави дека принцот Хари и Меган Маркл веќе еднаш ги изненадија обложувалниците, бидејќи го нарекоа својот првороден син Арчи, име што воопшто не бил на списокот „најверојатни“.

„Веројатно овојпат Меган и Хари ќе изберат потрадиционално име, а Оливер и Дајана се омилени меѓу нашите клиенти“, додаде Росботом.


Фото: Profimedia