Од анксиозност до депресија и шизофренија: Ментални нарушувања на најпознатите писатели

Тие беа креативни генији. Од страдање и депресија правеа чуда – пишуваа тешки лични исповеди, со мрачна и неповторлива длабочина. Овие седум познати писатели патеа од анксиозност, биполарно пореметување, шизофренија или некое друго ментално нарушување. Некои од нив ја завршија својата приказна со самоубиство. Кои се тие?

1.Лав Толстој

“Војна и мир“ и „Ана Каренина“ се сметаат за ремек дела на руската книжевност. Толстој има напишано книга во која ја истражува неговата склоност кон депресија под називот „Исповеди“. Кога стигна до средните години, неговата депресија се влошила. Станал премногу загрижен за својот успех, за подоцна да биде критичен спрема самиот себе што ја немал храброста да се самоубие.

2.Ернест Хемингвеј

Хемингвеј е познат како брилијантен автор на делото „Старецот и морето“ за кое има добиено Нобелова награда. Тој има признаено дека страдал од депресија, биполарно однесување, а подоцна страдал и од психоза. Неговата темна страна на личноста ги докажува некои од неговите ризични однесувања, како што се убивањето животни во дивината и одбегнувањето на куршум, додека работел како воен дописник. И неговите роднини страдале од депресија, а многу од нив извршиле самоубиство. Се убил со пушка во 1961 година.

3.Филип Дик

Дик е еден од најпознатите писатели на научната фантастика во минатиот век. Филмовите како што се „Blade Runner“, „The Minoriti Report“ и „Total Recall“ се само три од десетте генијални приказни кои се напишани во неговите романи и кратки приказни. Како тинејџер, Дик страдел од вртоглавица. Во текот на неговиот раст, покажувал знаци на шизофренија, вклучувајќи на крајот и визуелни и звучни халуцинации. Бил хоспитализиран, но некако успеал да продолжи да пишува.

4.Франц Кафка

Кафка ги истражувал егзистенцијалните идеи за животот. „Процес“ и „Метаморфоза“ се двете најпозната приказни од него. Кафка бил осамен и гениј во исто време, кој патил од социјална анксиозност и депресија. Работел во темнина. Се смета дека неговата депресија е резултат на тоа што само неколку негови дела се објавени. Воедно, страдал од мигрена, чиреви и несоница од постојаниот стрес.

5.Езра Паунд

За Паунд се пишува дека е писател кој е најодговорен за револуцијата на дваесеттиот век во поезијата. Паунд бил брилијантен писател и отворен критичар на американската политика за време на Втората светска војна. Бил сместен во лудница, откако во 1945 год. бил уапсен за предавство. Во текот на неговото 13 годишино заздравување, било заклучено дека тој има нарцисоидно нарушување на личноста. Подоцна во животот, дијагностицирана му е и шизофренија.