Од бездомник до милионер: 5-те работи кои беа клучни за успехот на Хари
Иако, звучи фимски и нереално, приказната за младото момче Хари Сандерс од Австралија и тоа како е вистинска. Исто така, тој е пример за сите како работите во животот можат да тргнат на добро.
Хари на 17 годишна возраст станал бездомник, а потоа за одредено време да „застане
на нозе“ и да стане милионер.
Ова младо момче од Мелбурн е основач и сопственик на компанијата„Studiohawk", чија вредност е проценета на 1,5 милиони австралиски долари.
Хари сака да им помага на луѓето кои се во слична ситуација во која и тој ненадејно се нашол, а за патот до успехот тој посчи 5 работи, меѓу кои се наоѓаат и спиењето и носењето костум.
„Најважно е да облечете она што точно ќе ја потенцира вашата личност. Никогаш не носам костуми. Кога имам состанок или кога сум во канцеларија цел ден, го носам она што најмногу го сакам и во кое се чувствувам пријатно" - изјави Сандерс.
Тој смета дека е погрешно еден човек на 21 годишна возраст да се носи во скапи костуми, мислејќи на себе, бидејќи тоа остава погрешен впечаток и погрешна порака до останатите луѓе.
„Многу луѓе мислат дека е неопходно да се работи цела ноќ за да се постигне успех. Вие не можете да се откажете од спиењето заради работата. Јас секогаш преферирам да спијам 8 или повеќе часа за да можам да дадам се од себе“ – потенцираше тој.
Даде се од себе и стана она за кое многу од нас само сонуваат, но, неговиот пат од бездомник до милионер не бил нималку лесен.
Додека живеал на улица, спиел и останувал насекаде, но првата ноќ му била најтешка.
„Не знаев каде да отидам и што да правам. Поминав неколку ноќипод мостот. Се чувстував ужасно со секое размислување да побарам помош од некого. Имав многу проблеми, но се борев барем да добијам храна“ – раскажа Хари.
Иако, тоа бил најтешкиот период од неговиот живот, тој вели дека научил многу од тоа.
„Имаѓе многу лоши моменти во тој период од мојот живот, но искуството да бидам бездомник ме натера да созреам и да научам важни лекции за животот“ – истакна Сандерс.
Тој бил упорен во намерата да успее, што и навистина така постапи. Хари основа интернет комапнија за оптимизација на пребарувачи на интернет, со цел да ги направи да бидат повеќе видливи за корисниците, а својата работа ја прошири и во Лондон.
Хари за крај ги истакна овие 5 работи за кои верува дека се клучни за успех: