Од денес средношколците во автобусите на ЈСП ќе се возат повторно бесплатно

Иако новата школска година, поради пандемијата од корона вирус ќе започне еден месец подоцна, односно на 01 октомври, вчера преку соопштение до јавноста Јавното Сообраќајно претпријатие Скопје информираше дека од денес 01 септември средношколците повторно ќе можат да се возат бесплатно во автобусите на ЈСП, односно повторно ќе важат бесплатните возења за средношколците.

ЈСП Скопје, пред три месеци повторно ги стави во функција бесплатните билети за возење и за студентите, но сеуште важи забраната, односно укинувањето на бесплатното возење во автобусите на Јавното Сообраќајно Претпријатие за возрасни лица.