Од каприц дозволил да го касне тарантула, а потоа почнал да вреска: „О, Боже, што ми се случува“
Водителот и натуралист дозволил да го касне тарантула за да види што ќе се случи. Она што следеше не беше воопшто лесно за гледање.
Натуралистот и еден од презентерите на YouTube каналот „Brave Wilderness“ Марк Винс, во една од своите емисии дозволил да биде каснат од најголемиот вид на пајак во светот, тарантула.
Тарантулата вклучува група големи пајаци од семејството Theraphosidae.
Во зависност од видот, должината на телото на тарантулата се движи од околу 5 до 11 cm со распон на нозете од 8-30 cm. Тоа е со големина колку човечка рака.
Она што го издвојува овој пајак од другите, освен по големината, е и големиот број влакна на телото, кои тарантулата ги трие врз себе кога ќе почувствува загрозување, па така го заслепува оној кој ја напаѓа. Има пар големи огради со кои го прободува пленот и вбризгува отров.
Марк ја започна својата емисија со потрага по тарантула, велејќи дека тарантулите се „активни ноќе“.
Кога конечно го пронашол мажјакот, имал среќа да најде женка која била многу поголема, па сакал да спореди чиј залак е поопасен.
„Дефинитивно сум нервозен“, рече Марк додека ги држеше двете тарантули што ги фати во мали кутии.
Веднаш потоа имаше кадар од Марк како зборува за тарантули, видно нервозен бидејќи знае што го чека: болка, агонија и солзи.
Марк прво мораше да ги натера тарантулите да го гризнат, бидејќи тие не покажаа знаци на интерес. И точно е, тарантулата секогаш ќе гледа да избега, наместо да ве нападне, затоа што иако имаат слаб вид, знаат да ја почувствуваат опасноста пред себе.
Првиот пат се обиде, но поради болка помешана со страв се откажа, покажувајќи како тарантулата само го допрела со забите.
Кога конечно „добро“ го касна тарантулата, Марк веднаш ја оттурна бидејќи не можеше да ја поднесе болката што ја чувствуваше. Видно во агонија почна да стенка.
„О Боже мој, о Боже мој, што се случува!
За работите да бидат интересни, веднаш продолжил со друг пајак.
„Дефинитивно гори. Адреналин гори во мене во моментов луѓе“, истакна Марк, а претходно ја покажа крвта од каснувањето.
Потоа зел уште една тарантула, женка, која се претпоставува дека е поагресивна и поголема. Меѓутоа, тогаш се случи пресврт. Тарантулата не сакаше да го гризне и го избегнуваше колку што можеше.
Тој го заврши видеото со напомена дека „Иако изгледаат големи и морничаво, навистина нема причина да се плашиме од овие пајаци“.
И точно е, до денес не е забележана смрт од каснување од тарантула, бидејќи немаат силен отров способен да убие човек. Тие можат да предизвикаат само алергиска реакција, но генерално се безопасни за луѓето.
Затоа, ако некогаш имате шанса да сретнете тарантула надвор од терариумот, не плашете се дека ќе ве нападне или ќе ве изеде. Повикајте ги најдобрите надлежни органи (зоохигиена) задолжени за фаќање диви и егзотични животни.
Целото видео можете да го погледнете подолу.