Од која држава сме имале најмногу туристи пред коронавирусот?

Можеби и не е толку за изненадување, но дека само ние им одиме на гости во нивната земја, не е целосно така! Во февруари, 2020 година, земјава ја посетиле најмногу туристи од Грција, дури  5 140. А, од Кина на пример, 93.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во февруари 2020 година изнесува 47 288, а бројот на ноќевањата изнесува 94 883. Бројот на туристите во февруари 2020 година, во однос на февруари 2019 година, е зголемен за 8.3 %, а бројот на ноќевањата е зголемен за 3.4 %. Бројот на домашните туристи во февруари 2020 година, во однос на февруари 2019 година, е зголемен за 6.2 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 9.5 %. 

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во февруари 2020 година, во однос на февруари 2019 година, е зголемен за 0.9 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 5.2 %. Во периодот јануари - февруари 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 10.6 % и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 3.4 %, а кај странските има зголемување за 15.3 %. Во периодот јануари - февруари 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 5.2 % и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1.2 %, а кај странските има зголемување за 8.4 %.

Извор: Државен завод за статистика